Луна Ѓогани се вклучи во живо на својот Инстаграм профил, каде доби грст поддршка и убави коментари, но и грди.
Луна во моментов е бремена, сепак, луѓето сè уште не престануваат да коментираат за нејзиниот физички изглед.
View this post on Instagram
Ѓогани сега призна дека коментари на социјалните мрежи сè уште може да ја погодат:
– Луѓето немаат граница и хуманост, не се плашат од Бога и такви работи пишуваат на девојка која носи дете. Секоја бремена жена е убава за себе, но не можеме да контролираме како изгледаме. Си реков дека нема да се оптеретувам, ќе јадам колку што сакам и ќе ослабам кога ќе се породам. Најважно ми е да бидам жива и здрава. Најмал проблем е дали ќе бидам слаба или полна. Отпрвин не обрнував внимание на коментарите, но понекогаш ме вознемируваат коментари од типот: „Главата ти е голема, задникот е голем“, понекогаш и пукав поради тоа, вели Луна која очигледно не е имуна на јавното изложување во блажена состојба.
View this post on Instagram
Инаку, последниот термин за породување и е на 15 јуни.