Радио Милева одговараше на скокотливи прашања

Миа Костова на „Инстаграм“ одговараше на прашања кои никогаш досега не ги одговорила: „С*кс колку пати неделно“ – еве го нејзиниот одговор

Миа Костова на „Инстаграм“ одговараше на прашања кои никогаш досега не ги одговорила: „С*кс колку пати неделно“ – еве го нејзиниот одговор

Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова е активна на социјалните мрежи каде редовно ги рекламира разни брендови на накит, козметички производи, им покажува на следбениците како го поминува времето, знае да даде и некој совет.

Миа често знае да се вклучи во живо и со нејзините виртуелни пријатели да разговара на одредена тема, да го каже својот став, мислење…

За водителката стана пракса и да одговара на прашања на нејзините следбеници.

Така беше и овојпат, Костова одговараше на 5 прашања кои никогаш не ги одговорила досега.

„Топ три иритирачки ствари од кои ти се пали фитиљ секундарно?“

  • Секундарно не, дека секундарно е второстепено или од после…Ама во моментот затоа што сум позната како краток фитиљ, ме вади од кожа:
  • Kога некој ме чепка по дете, на било кој начин.
  • Лажен авторитет, глумење лудило, неморал прекриен со невиност.
  • Лаги и невистини врзани за мене и коментари од луѓе кои ниту ги знам ниту ме знаат.
фото: Принтскрин/миа костова

Дали Андрија има полубраќа или полусестри?

  • Има! И брат и сестра. Големи.
фото: Принтскрин/миа костова

Зошто мислиш дека во МК се уште е табу тема врска меѓу две жени?

  • Не мислам дека е табу тема, се е во твојата глава и твојот став. И кон околината и кон најблиските. Следи го своето срце, не чаршијата. Немаш втор живот.
фото: Принтскрин/миа костова

Дали на долг рок гледаш иднина од „инста – бизнис“?

  • Да! Многу бизниси тргнуваат од инста кога веќе имаш маркетинг простор разработен, можеш многу повеќе од само инста.

Секс колку пати неделно?

  • Ако сексот се рачуна колку пати неделно некаде грешите. Сексот не е работа. Спиеш со некој кога сакаш, не дека не си имал секс една недела. Значи, некогаш ниту еднаш во една недела, некогаш секој ден. Зависи од главата, желбата, времето, околностите и крајно од желбата, одговори Костова.
фото: Принтскрин/миа костова
To top