Мегафон

„Неонски срца“ нa Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021“

„Неонски срца“ нa Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021“

Филмот „Неонски срца“, на режисерката Ана Јакимоска ја доби наградата за најдобар домашен (македонски) филм, на третиот Меѓународен фестивал на краток филм, „Филмај 2021“ Куманово.

Останатите наградени се Азадех Мусави за иранскиот филм „The Visit“ за најдобра режија ја доби наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“, наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна за Питер-Јан Клесенс за филмот „Da Yie“ од Гана, наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за иранскиот филм „Witness“,

Селекцијата на пристигнатите филмови ја изврши тричленото жири во состав Лидија Мојсовска (режисер/сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).

Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот, кој поради моменталните безбедносни и здравствени услови, наместо во мај ќе се одржи во септември.

„Оваа одлука е заснована на искрена желба организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала“, – соопштуваат од фестивалот.

извор:куманово њуз.мк

To top