Радио Милева нова драма

Бетер и од турска серија: Свршеницата го напуштила Дарко Лазиќ бидејќи пронашла пораки со бившата девојка?

Бетер и од турска серија: Свршеницата го напуштила Дарко Лазиќ бидејќи пронашла пораки со бившата девојка?

Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ наводно се скарале, а свршеницата на пејачот се сомнева дека ја изневерува.

Марина наводно се иселила од домот бидејќи во мобилниот телефон на Лазиќ пронашла пораки кои тој ги разменувал со друга девојка.

Како што наведува Информер,  Дарко со недели бил во контакт со поранешната девојка од Брестач.

„Дарко неодамна во селото ја сретна поранешната девојка со која кратко се забавуваше. Таа го остави, а кога повторно ја сретна сакаше да ја смува. По средба започна да ја прогонува. Често и праќа пораки,  а Марина пронајде една преписка“, раскажува извор за „Информер“.

фото: принтскрин/инстаграм

Според зборовите на изворот, Марина го чепкала телефонот на Дарко додека тој спиел. Кога ја пронашла пораката одлучила да се спакува и да си замине.

„Марина полуде кога виде дека нејзиниот свршеник се допишува со поранешната девојка. Тој дури не се потруди да ги избрише пораките. Веднаш си ги собра работите и замина во семејната вила кај нејзините родители. Со нив беше за празниците иако Дарко ја молеше да  се врати. Тој и вети дека ќе се промени, дека повеќе нема да ја лаже, дека ќе се јавува на телефон“, тврди изворот.

фото: принтскрин/инстаграм

Тој тврди дека Марина повеќе не верува во зборовите на Дарко бидејќи тој постојано лаже.

„Секогаш има глупи изговори за своите постапки.Не доаѓа дома по 2,3 дена, па лаже дека работил и дека му се испразнила батеријата. Таа долго време му веруваше на зборовите, но сега е многу лута. Познавајќи ги, верувам дека му прости“, тврди изворот.

Пејачот не се огласи по повод овие пишува.

To top