Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова секојдневно уживаат во својата љубов и заеднички моменти.
Откако ја започнаа врска тие секој момент го поминуваат заедно и буквално се наразделни.
Неодамна, Игор во интервју за „Еден на еден“, зборуваше за својата сакана, а како што истакна во 2020та година и покрај целата ситуација со коронавирусот него му се случило нешто многу убаво односно љубов.
Парот не ја крие својата среќа, па често на социјалните мрежи знаат да споделат заеднички фотографии.
Тој понекогаш „нежен како девојче“, таа на моменти силна „машкоданка“… Плус и минус, грнче и капаче и… колку и да изгледа спојот – неспоив, очигледно теоријата дека „спротивностите се привлекуваат“ и тоа како важи… А во нивниот случај и функционира! И тоа цела година.
Имено, Илина и Игор ја прославија својата прва годишнина. По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.
„ Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов.
Објавата за краток период доби повеќе од 11 000 лајкови а нивните пријатели, следбеници ги опсипаа со позитивни коментари и честитки.