„Велигден, Христовото воскресение… Еден од најголемите христијански празници. Празник на надежта кој ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба. Со љубов и добра мисла да му се радуваме на животот. Постојано со нас нека бидат присутни добрината, дарежливоста, добродушноста, чесноста, искреноста… човечноста. Христијанството би било празно без Христовото воскресение, а нашите животи без љубов, сочувство, емпатија, морал, споделување, благодарност…
Вистина.ком.мк ви посакува среќни Велигденски празници… Христос воскресна – навистина воскресна… За многу години Велигден!
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.