Радио Милева капацитетот на „сијаличето“...

На Таша Реј „тетовираната кожата и се ежи“ од она што го гледа на социјалните мрежи: „Жално е колку злоба, завист, омраза и јадење г***а, да ми извините, постои!“ (ФОТО)

На Таша Реј „тетовираната кожата и се ежи“ од она што го гледа на социјалните мрежи: „Жално е колку злоба, завист, омраза и јадење г***а, да ми извините, постои!“ (ФОТО)

Наташа Неделковска или Таша Реј, како што и е уметничкиот прекар, тетоважите и се заштитен знак. Трејд марк, кој го носи речиси по целото тело, па не случајно важи за најтетовираната Македонка… Барем онаа, која јавноста ја познава!

А, тетовираната убавица, која е и модел кој се појавува во видеоспотовите, рекламите, модните едиторијали, фотосесиите на познатите уметнички фотографи кај нас, реши да смени професија, па на играта со објективот и ја придодаде  и убавината и разубавувањето на женското тело, нешто што однеодамна и стана  главна преокупација.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tasha-e-tetovirana-sirena-zashto-ona-taka-saka-ja-poznavate-li-najtetoviranata-makedonka-foto-video/

Маникир, педикир, свилени трепки, лифтинг на трепки, ламинација на веѓи, јапонско исцртување на веѓи, депилација… се само некои од услугите кои можете да ги најдете во најзината „соба за разубавување“.

И додека Таша мака мачи со кадровско екипирање и комплетирање на персоналот, па за соа напомош ги повика социјалните мрежи споделувајќи оглас за потреба од фризерка, тетовираната убавица – сега и газдарица, не можеше да не забележи нешто, што очигледно многу ја изнервира.

„Ја извади од тетовираната и кожа“, па онака лутита и гневна Таша веднаш се најде спремна за пресметка со безделниците. Со оние што не знаат што да прават со самите себе, па им прават проблеми коментирајќи ги и хејтајќи, оние околу себе.

Токму ним македонската „тату лејди“ Наташа Неделковска онака отворена и искрена до коска, реши да им се обрати, па да ги искара зашто наместо да се лежи, безделничи и озборува и делници и празници и недели и саботи, попаметно е нешто да фати да се работи! Најпрвин на себе, па потоа и нешто корисно и доходовно.

А дали нејзе „сијаличката и светнала“ во вистински момент за вистинската работа, па ќе и ја осветли нејзината „Ѕhow room“  за во неа Таша Реј да блесне како дисплеј во вистинско светло во новата работа…?

Зависи од многу нешта! Меѓудругото и од… капацитетот на „сијаличето“!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Natasha Nedelkovska

 

To top