Радио Милева Од животот...

Откако не го гледаме во „Преспав“ Талат го промени имиџот, а си направи и нова тетоважа (фото)

Откако не го гледаме во „Преспав“ Талат го промени имиџот, а си направи и нова тетоважа (фото)

Откако заврши петтата сезона на популарниот македонски ситком „Преспав“, актерската екипа до следното дружење, има други професионални ангажмани.

Серијата им донесе поголема популарност, од која пак имаат плус преку снимања на реклами.

фото:пансион преспав/инстаграм принтскрин

Актерот Дритон Вејсели или попознат како Талат од Џепчиште, неодамна снимаше реклама за една компанија за млечни производи заедно со пејачката Мартија Станојковиќ, а тоа не е единствената која ја има сработено периодов.

Дритон по снимањата на „Преспав“ е друг лик, па можеби и потешко би го препознале приватно со долга брада.

фото:дритон вејсели/инстаграм принтскрин

Тој е корисник на социјални мрежи, а на својот профил деновиве откри дека си направил нова тетоважа чија симболика не ја опиша, но го сподели моментот од тату студиото.

фото:дритон вејсели/инстаграм принтскрин

До следната сеозона на „Преспав“ , Талат или Дритон ќе го гледаме по реклами на телевизија и социјалните мрежи.

To top