Уште една тажна вест одекна во медиумите низ регионот. Познатиот композитор Александар Бањац (45) ненадејно почина на 45-годишна возраст во неговото студио, каде што беше и пронајден. Соработуваше со многу домашни музички sвезди, а меѓу нив е и покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина на крајот на февруари 2021 година.
Една фотографија на Александар Бањац привлече големо внимание, бидејќи таа е последниот заеднички спомен на двајцата музичари.
Имено, Бањац кон крајот на декември минатата година сподели фотографија од своето студио со Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина по 2 месеци, а потоа никој не ни помислуваше дека всушност таа фотографија наместо само работен, ќе биде и последен спомен и тажно сеќавање на двајцата врвни музички мајстори.
Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandar_banjac