Радио Милева улична ѕвезда

„Комуналец“ среде Белград го воодушеви регионот со својата „улична изведба“ на песна од Тоше Проески: „За разлика од некои кои имале среќа и нешто повеќе, тој има само талент“ (ВИДЕО)

„Комуналец“ среде Белград го воодушеви регионот со својата „улична изведба“ на песна од Тоше Проески: „За разлика од некои кои имале среќа и нешто повеќе, тој има само талент“ (ВИДЕО)

Изминатиов период на социјалните мрежи почна да кружи видео од едно талентирано момче од Србија чиј глас едноставно го воодушеви регионот.

Српската новинарка Весна Малишиќ на својот фејсбук-профил сподели видео од момче, најверојатно од ромска националност, кое веројатно е дел од тимот на комуналните служби во Белград. Но, нема дополнителни информации за него, ниту дали станува збор за некаква анкета и дали бил случајно снимен откако го слушнала како си потпевнува додека си ја врши работата, или новинарката претходно  знаела за неговиот извонреден талент.

На почетокот на видеото момчето се слуша дека го прашуваат кој е неговиот омилен пејач, а тој наместо одговор со зборови, одговара со песна и  стихови од еден од најпознатите хитови на Тоше Проески отпеана на српски јазик,  „Боже, чувај ја од зло“.

„Одличен. Подобар од половина естрада“; „Прекрасно. За разлика од некои кои имале среќа и нешто повеќе, тој има само талент“; „Феноменално“; „Ви благодарам што го споделивте ова со нас. Ми го разубави не само денот туку и следниот месец. Опуштен, насмеан, природен, празник и за очи и за уши“, беа само дел од коментарите под видеото.

Патем, некои ги прозваа и Саша Поповиќ, Мили, Ѓорѓе  Давид, Вики, Марија, Карлуша… наместо да дремат во студио и да чекаат сами да им дојдат, да прошетаат малку по белградските улици, зашто талентите им се пред нос.

Како и да е, слушнете ја неговата фантастична изведба која нема да ве остави рамнодушни:

To top