Мегафон

„Funk Shui“ добија награда за „Best Fusion Video“ за 2020

„Funk Shui“ добија награда за „Best Fusion Video“ за 2020

Регионалните награди на музички видеа „Adria Muzzik Video Awards“ ги претставија победниците за 2020 година, во 16 категории, во чи рамки „Funk Shui“ добија награда за „Best Fusion Video“ за 2020. Покрај признаниja, најдобрите беа наградени и со електрични гитари. Финалето на фестивалот се одржа во форма на две телевизиски емисии, кои се емитуваа во сабота и недела (24-ти април и 25-ти април).

Најдобро видео: „Buč Kesidi“ – „Tiho“

– Најдобро инди-видео: Barbara Munjas – „Gone Back“

– Најдобро хип-хоп видео: MC Sajsi – „Yugo dete“

– Најдобро рок видео: „Goblini“ – „Ti si taj“

– Најдобро поп видео : Nika Turković – „Gledaj me“

– Најдобро електро-денс видео: Ida Prester – „Minuta“

– Најдобро видео на нов изведувач: Lu Jakelić – „Sve o čemu sam šutjela“

– Најдобро фјужн видео: „Funk Shui“ – „Meteori“

– Најдобро видео со порака : Rambo Amdeus & Five Winnetus ft. GOGB – „Ukus pobjede“

– Најдобро анимирано видео: Marina Uzelac за спотот Nebo“ на група „Seine“

– Награда за камера: Vladimir Djurić за спотот Mrak“ на „Šajzebiterlemon“

– Награда за режија: Maja Uzelac за спотот „Šansa“ на Ida Prester

– Награда за монтажа, специјални ефекти и постпродукција: Irfan Avdić  за спотот „Glas“ на групата „Helem Nejse“

-Награда за кореографија: Dejan Kolarov, за спотот на групата „Artan Lili“ – „Na mišiće“

– Награда за арт дирекција: Rino Barbir за спотот „Pasta italiana“ – Vojko V feat. Krešo Bengalka & Tonči Huljić

– Награда за главна улога: Anja Polić  од спотот на „Z++“ – „Ljeto je već gotovo“

Фестивалот  ја претстави продукцијата на  музички видеа, објавени во периодот од 1-ви јануари 2018 година до 31-ви декември 2020 година. Повеќе од 3.000 спотови (од 28 градови во Србија и поранешна Југославија) ​​беа пријавени за фестивалот, од кои жирито за избор на фестивалот (составено од 25 релевантни личности) ги номинираше десетте најдобри во 16 категории.

To top