Радио Милева

(ФОТО) И морето се вжешти од неа: Ања Ветерова го повика летото со своите облини на плажа во бикини!

(ФОТО) И морето се вжешти од неа: Ања Ветерова го повика летото со своите облини на плажа во бикини!

Откако ја испративме зимата, а ја дочекавме пролетта, се поблизу ни се гледа летото, топлото сонце, одмор, плажа, море… Младата пејачка Ања Ветерова очигледно не е многу трпелива за да ги чека летните месеци од годината, па реши изминатиот празник да го дочека на песочните морски плажи и да покаже гола кожа под сончевиот зрак.

Повозрасните често знаат да кажат дека кога си помлад ти врие во крвта, што веруваме повеќето ќе се сложите дека е така иако позитивниот дух и ведрата енергија немаат никаква врска со годините.

Но дека младата пејачка Ања Ветерова ги живее своите најубави години од младоста кои носат поголема храброст- тоа е очигледно. Ако повеќето немаат баш храброст да се искапат во море во овој период од годината, за Ања не е проблем.

Easter Break ?

A post shared by A N N I A? (@anjaveterova) on

Првин облечена, па соблечена, младата пејачка направи неколку кадри за да ја „сефтоса“ бикини сезоната и секако да го повика летото.

Инаку, неодамна таа ја обзнани  веста дека е примена на престижниот музички колеџ „Беркли“. Од есенва, за Ања започнува нов возбудлив период.  Таа ќе се пресели во Бостон и ќе започне со изучување на пеење, компонирање и музичка продукција.

 

To top