Пејачката Елена Китиќ ги обожава тетоважита, па има неколку на различни делови од телото, но сега одблизу ја покажа и најновата тетоважа што ја стави на лицето.
Кон средината на март, ќерката на фолкерот Миле Китиќ си истетовира пеперутка на лицето, веднаш до увото, но досега нејзината тетоважа не можеше да се види одблизу.
Многумина велат дека местото е навистина невообичаено и дека никогаш не виделе тетоважа на тој дел од лицето. Патем, пеперутката е многу чест избор за тетоважа кај жените.
Овој симбол носи моќна порака. Во христијанството, пеперутката значи живот, смрт и воскресение. Мајсторите за тетоважи ја претставуваат пеперутката како метаморфоза, голема промена и крајна слобода Овој инсект, исто така, претставува преродба и премин кон прекрасен нов живот. Кревкоста исто така претставува храброст, потребна за да се направат промените неопходни во процесот на личниот и духовен раст.
Дали тоа значи дека во иднина, за безгрижните шепотења да не и звучат глуво, Елена исцрта пеперутка покрај уво?!
Фото: Инстаграм принтскрин/elenakitic