Мај е месец на неработни денови. Ќе имаме споен викенд кога 4 дена ќе одмараме.
Власите пак ќе имаат ден повеќе тој викенд.
На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се поврзат 4 неработни денови. На 23 мај пак е Национален ден на Власите.
За сите граѓани
1 мај (вторник), Ден на трудот,
24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
За граѓаните од православна вероисповед
25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
23 мај (среда), Национален ден на Власите.