Радио Милева должен до гуша...

На Дарко Лазиќ извршителите „му тропаат на врата“ зашто не плаќал ниту динар алиментација: Ана Севиќ го тужи бившиот сопруг за долг од 1, 4 милиони динари!

На Дарко Лазиќ извршителите „му тропаат на врата“ зашто не плаќал ниту динар алиментација: Ана Севиќ го тужи бившиот сопруг за долг од 1, 4 милиони динари!

Пејачот Дарко Лазиќ и должи на поранешната сопруга Ана Севиќ 1,4 милиони динари за неплатена алиментација цели две години.

Имено, како што се наведува, откако се разведе од Ана, фолкерот наводно не плаќал месечен додаток за нивната шестгодишна ќерка Лорена.

„ Ана му рече на Дарко по разводот дека сама ќе одлучи колку пари ќе и бидат доволни на Лорена. Потоа се обврза пред судот да и плаќа на Ана 58.500 динари или 500 евра месечно. Сепак, до денес, тој не платил ниту динар! На Ана и пречи што нејзиниот поранешшен сопруг  може да се пофали со луксузен живот, вози скапи автомобили и носи брендирана облека и не дава ни динар за својата ќерка! Затоа таа реши да го тужи за долгот, кој до денес порасна на 1,4 милиони динари“ – вели извор близок до Севиќ.

Кога Дарко дознал дека ќе треба да се соочи со Ана на суд, тој и се јавил и и рекол дека добила доволно од него по разводот.

„По разводот го напуштив твојот стан, што сакаш повеќе од мене?“ –  наводно и рекол на својата поранешна сопруга.

Ана, сепак, остана на ставот дека правдата ќе ја бара на суд.

„Ана му рече дека не и треба неговиот стан и дека мора да ги исполни своите судски обврски. Жал и е што на Дарко не му текнува да ја повика својата ќерка со месеци, а камоли да ја види. Лорена го доби својот последен подарок од нејзиниот татко минатиот јули, за нејзиниот шести роденден!“ – вели изворот.

На Дарко наскоро ќе му тропнат  извршителите на вратата од неговиот дом во Брестач, доколку не ги подмири своите обврски.

„Ана повеќе не сака да разговара со својот поранешен сопруг за долгот. Таа му рече дека ќе мора да објасни сè на суд, но и на извршителите кога ќе дојдат да му ги одземат работите“ – ја завршува приказната извор близок до поранешната брачна двојка.

Фото: Инстаграм принтскрин/anasevicofficial/darkolazicofficial

To top