Мегафон дуо од соништата

„Eazy Sleazy“ – Мик Џегер сними дует со тапанарот на „Нирвана“, Дејвид Грол (ВИДЕО)

„Eazy Sleazy“ – Мик Џегер сними дует со тапанарот на „Нирвана“, Дејвид Грол (ВИДЕО)

На радост на обожавателите ширум светот, фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, без најава го oбјави дуетот „Eazy Sleazy“ со Дејвид Грол, некогашен тапанар на „Нирвана“. Џегер освен како вокал, во песната свири и на гитара. Додека Дејвид Грол се погрижи да го донесе својот препознатлив звук свирејќи тапани, гитара и бас. Продуцент на песната е Мет Клифорд.

„Ова е песна што ја напишав кога излегов од блокада, во време кога на сите ни требаше оптимизам. Благодарам на Дејвид што се вклучи на тапани, бас и гитара. Беше многу забавно да се работи со него“. – вели легендарниот Џегер.

И Дејвид Грол не го крие ентузијазмот за соработката: „Тешко е да се опише со зборови што значеше за мене да ја снимам оваа песна со Сер Мик! Тоа е повеќе од остварување на сонот! Тогаш кога помислив дека работите не можат да бидат полуди, ова се случи. Верувам дека песната ќе ги одбележи претстојните летни месеци“.

To top