Долгогодишната водителка на „Брза кујна“, Александра Илиевска е на породилно отсуство и не е дел од последната сезона на кулинарското шоу.
На нејзино место е нејзината колешка Сања Савеска. Од октомври претходната година, Сања заедно со шефовите Марк и Никола се новиот тим на „Брза кујна“.
Од самиот почеток Савеска одлично се снајде во својата нова улога, а водителството за неа не е непознато бидејќи претходно беше дел од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.
Таа често на социјалните мрежи споделу фотографии од снимањата и студиото на Сител, добива и позитивни коментари и критики за нејзината нова улога.
Овој пат, Сања позираше на работното место во пролетно фустанче кое одлично ја истакна нејзината фигура, а во опсиот напиша:
„ Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија„ напиша водителката.
Под објавата се позитивни коментари со комплименти и поддршка.
Инаку, Александра Илиевска се породи кон крајот на јануари и ја доби ќерката Сара. А на прашањето дали по породувањето се враќа во „Брза кујна“ одговори дека се уште е рано нешто да планира.