Вања Кнежевиќ се најде во центарот на вниманието поради дисквалификацијата на „Ѕвездите на Гранд“ .
Имено, таа беше дисквалификувана откако на „Инстаграм стори“ упати навредливи содржини за Јелена Карлеуша.
Во нејзиното последно интервју, Вања требаше да бира најмалку омилен член на „Ѕвездите на Гранд“, а изборот падна на Ѓорѓе Давид.
„Имам образложение и ова да не се сфати погрешно. Гледам дека често го менува мислењето. Ќе има добро мислење за некој, па го менува, а јас не сакам личности кои имаат сто личности во една. Поради тоа го бирам него“, изјави Вања.
„Јас ги почитувам сите членови на жирито бидејќи тоа е моето воспитување, но сепак не разбирам некои ставови, затоа тој е најмалку омилен лик“, вели Кнежевиќ.
Потсетуваме, откако Вања испадна од Ѕвездите на Гранд, Цеца и помага да ја сними својата прва песна.