Радио Милева сопругот и е личен тренер

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора ослабе и се пофали колку килограми е во минус (фото)

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора ослабе и се пофали колку килограми е во минус  (фото)

Децата на познатите секогаш се интересни за јавноста, па нивната популарност задолжително доаѓа уште од самото раѓање.

Лора Турунџиева, ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко, во 2019 година за првпат се реализираше во улогата на мајка, а Сузе стана баба.

Лора во текот на својата бременост не објавуваше многу фотографии туку тоа го направи подоцна откако се породи.

фото: Инстаграм/лора турунџиева

Лора и нејзиниот сопруг Филип Наунов го добија синот Јаков. Отогаш, младата мајка потполно е посветена на синчето кое порасна во преслатко момче.

Турунџиева не е премногу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели некоја фотографија со наследникот.

фото: Инстаграм/лора турунџиева

Овој пат, Лора во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со својата нова линија. Имено, таа откри дека успеала да ослабе 11 килограми, а нејзин персонален тренер и бил нејзиниот сопруг Филип.

фото: Инстаграм/лора турунџиева

Ова сигурно и било дополнителна мотивација за да ја доведе својата линија до совршенство, а дали ќе продолжи да слабее или пак веќе е задоволна со резултатот останува да видиме.

Инаку, во последно време многу познати се фрлија на ослободување на вишокот на килограми, а засега одлично им оди.

To top