На фан страницата на Рада Манојловиќ се појави фотографија на која пејачката се држи за стомак како да е бремена, па започнаа шпекулациите дека ќе стане мајка.
Имено, откако исплива фотографијата на која Манојловиќ изгледа како да е бремена, се огласи пејачката и ја откри вистината.
View this post on Instagram
„Ма како да не, фотографијата е пред да бидам со Харис, од 2017 година. Мислам дека тоа е еден настап на Сараево. Таков е фустанот“, вели Манојловиќ.
Инаку, Рада е во повеќегодишна врска со Харис. Иако во медиумите често се пишуваше дека парот раскинал и не се заедно, тоа само беа дезинформации.