Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, објави интересна „сторија“ на својот Инстаграм, а многумина се сомневаат дека во неа иако не ги именувал, мислел на својот (полу)брат Вељко и неговиот другар Миркко Шијан – синот на Гоца Божиновска.
Имено, Војин којн е познато дека не е баш во најдобри односи со неговата маќеа Цеца, напишал порака на социјалните мрежи што заинтригира многумина, а веројатно најмногу ќе го погоди Вељко.
„Дали има подобра занимација од двајца другари – папучари, кои се натпреваруваат кој е поголем папучар од нив двајца?“ – објави Војин.
Да ве потсетиме, Вељко Ражнатовиќ и Мирко Шијан се добри другарии и редовно објавуваат фотографии и видеа на Инстаграм со сестрите Родиќ, кои се нивните понежни половини.
Вељко е оженет со Богдана и го имаат синот Жељко, додека Шијан е со сестрата на Богдана, Бојана Родиќ и го очекуваат своето прво дете.
Фото: Инстаграм принтскрин/vojinraznatovic/veljkoraznatovic/miresijan