Пејачката Марија Шерифовиќ вели дека „полудела“, а сето тоа го сподели со своите фанови на Инстаграм и нагласи дека можеби има нервен слом.
Имено, Марија на својот Инстаграм профил објави видео во кое им се пожали на своите следбеници дека ‘има работа со луѓе кои не умеат ништо’, што очигледно ја разбеснело, па дури и се удри по главата.
View this post on Instagram
„Не размислувам, а можеби имам нервен слом. Како јас, која можам сè, реално, можам сè, доаѓам до тоа да имам работа со луѓе кои не можат ништо? Што е тоа?“, ркажа Марија бесно.
„Всушност, кога малку подобро ќе размислам, тоа воопшто не е до нив, тоа е до мене, јас сум пореметена, јас, пореметена. Добро, па што сега? Полека. Што е тоа е“, раскажала пејачката во видеото, но набрзо ја избришала снимката.