Сестрите Кардашијан очигледно ја докторирале уметноста на голата фотографија, па сите по ред уживаат да ги покажуваат своите бујни атрибути. Тие секогаш се во фокусот на јавноста и креваат голема прашина, особено кога ќе се соберат и позираат заедно.
Така неодамна, Ким и Кајли позираа покрај базенот во дворот на луксузната вила на нивната мајка Крис Џенер, а ријалити sвездите се соблекоа во бикини и се пофалија со извајаните тела.
И двете носеа едноставни, минијатурни дводелни костими за капење.
Овој модел е омилен кај сите сестри Кардашијан зашто е провокативен, совршен за нагласување на бујните облини и визуелно ја прави половината потенка.
Четириесетгодишната Ким носеше бикини во црна, а 23-годишната Кајли во кафена боја кое дополнително го украси со златен ланец околу нејзината половина.
Интересно е што сестрите изгледаат неверојатно и имаат идентична фигура, иако возрасната разлика меѓу нив е цели 17 години.
Фото: Инстаграм принтскрин/kyliejenner/kimkardashian