Пејачка, водителка, актерка, мајка, сопруга, пријателка, сестра, колешка….Тијана Дапчевиќ е сестрана личност.
Освен со својот глас, Тијана ја освои публиката и со улогата на Германката Ула во серијата „Преспав“.
Имено, во истоимената серија Ула е во брак со Коста кој го игра Игор Ангелов, а пред камерите на серијата ги решаваат сите згоди и незгоди во бракот.
„Преспав“ ја освои регионалната публика, а актерите секој со своите карактеристики му дава посебен и хумористичен сјај на серијата.
Тијана неодамна гостуваше во „Еден на еден“ каде што зборуваше за снимањата на „Преспав“ во време на пандемија, кој од колегите и помогнал да се снајде во улогата, дали се дружат надвор од снимањата …
Дапчевиќ откри дека најмногу и помогнале Јелена Јованова која ја игра улогата на Јелена од Драчево и Васил Зафирчев кој ја игра улогата на Марио.
Исто така, Тијана откри дека иако некогаш по 30/40 дена или по 12 часа на сет тие никогаш не скарале меѓу себе ниту пак викале еден на друг.
„Никогаш не се случило никој да повиши тон на некого. Никогаш…Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Дали тоа беше минатата сезона или оваа не се сеќавам, Јелена ни рече: „Вие двајца сте стварно како брачен пар“. Се случува Игор да ждригне на снимање или на ручек, а јас му велам – свињо, како не ти е срам. Буквално како брачен пар“, раскажува Тијана.
Актерките од „Преспав“ и зад камерите функционираат пријателски и како семејство, а се тоа и го пренесуваат на гледачите преку ТВ екраните. Дали ќе има шеста сезона, останува да видиме.