Заврши снимањето во РСМ на долгометражниот дебитантски игран филм “Празникот на хризантемите” (“Chrysanthemum day”) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Дел од сцените на филмот се снимаа во Спомен костурница – Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.
Филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара “жена-цвеќе”, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.
На овај филм како прв од овој жанр што се снимаше во РСМ, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од ковид19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина.
Филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, РСМ, Босна, Србија и Хрватска. “Празникот на хризантемите” е меѓународна ко-продуцкија помеѓу Украина, РСМ, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од пост продукцијата на филмот ќе се работи во РСМ.