Синот на Кристина Димитриевска кој го доби од бракот со Даниел Кајмакоски во февруари славеше роденден.
Давид наполни четири години и порасна во преслатко момче. Родеденот го прославија во еден тетовски ресторан во кругот на најблиските.
Според објавените фотографии, Даниел не присуствувал на роденденот, а малиот Давид роденденските свеќички ги дуваше со вујче.
Димитриевска во интервју за „Бекстејџ“ ја откри причината зошто Даниел не присуствувал на родеденот од синот.
„Јас во едно интервју изјавив дека јас сум мајка и татко на мојот син, така да сите ќе разберат што сакам да кажам со таа реченица“, изјави мисицата.
Инаку, Кајмакоски ни на социјалните мрежи не упати честитка за роденденот на наследникот.
Даниел веќе некое време живее во Белград. Меѓутоа, изминатите денови тој беше во Македонија, а според објавените фотографии се прошетал во Охрид, но не откри дали се видел со синот и дали поминале заедно време.
Пејачот не се огласи по овој повод.