За струмичката модна блогерка Љупка Митрова и нејзиното момче, кумановецот Дарко Петковски-Спејко, нема пауза кога станува збор за фотосесии.
Двојката едноставно е неуморна во идеите за нови пози, локации и провокативни, урбани- шик комбинации од кои секако доминира таа.
Откако пред неколку дена во фокусот беше само Љупка во разголено издание среде поле, каде носеше само бело здолниште, овој пат има нешто повеќе облека на себе, па за промена наместо горниот дел од телото, се разголи од половината надолу.
Од многуте објавени фотографии досега, очигледно дека едно од омилените парчиња на Љупка е мрежата под која носи танга, а таков беше случајот и сега.
Дарко се облече целосно во црно и вниманието и го препушти на својата понежна половина која храбро и маркантно го нагласи својот најсилен атрибут.
Инаку, оваа позната двојка периодов е најмногу посветена на модното блогерство, а пак Спејко некако реши да паузира од музиката и целосно се посвети на саканата и нејзината најголема пасија – фотографиите и модата.
Photo @badstef