Мегафон тажна вест

Почина пејачот Тозовац како последица од коронавирус!

Почина пејачот Тозовац како последица од коронавирус!

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години.

Пејачот последните неколку недели се бореше со коронавирусот, а веста дека починал ја потврди неговиот кум.

„За жал не издржа, овој Ковид потполно го уништи“ изјави тој.

Потсетуваме, Предраг се бореше со коронатавирусот и беше сместен во болница во Белград. Тој неодамна се огласи за медиумите истакнувајќи дека примил вакцина и дека се чувствува подобро, но не може психички да издржи.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tozovac-na-85-godini-ja-pobedi-koronata-a-sega-se-oglasi-od-bolnica-ne-sum-dobro-edvaj-izdrzuvam/

Тозовац е роден на 22 јануари во Краљево. Неговиот татко Светозар – Тоза беше познат хармоникаш по кој Тозовац го доби својот прекар.

фото: Драгана Удовиќиќ

Првиот сингл го снимил во 1965 година, а во јавноста стана познат со песната „Испод липе крај потока“.

Неговата голема популарност започнува во 1971 година, кога победи на „Песна на летото“ со композицијата „Мирјана“. Следната година тој повторно победи со песната „Очи једне жене “ и го потврди својот статус на најпопуларен пејач.

фото: ана паунковиќ

Во октомври 2012 година, тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Краљeво, а на 24.08.2018 година на концерт одржан по повод шеесетгодишнината од радиотелевизијата на Србија, беше награден со Златен микрофон на Радио Белград.

Ќе остане запамтен по песните: „Тражичу љубав нову“, „Јесен у мом сокаку“, „Очи једне жене“, „Празна чаша“ и многу други,

To top