Сексуалната злоупотреба е актуелна тема во Србија, заради на случајот со Даниела Штајнфелд и случајот со Милена Радуловиќ. Во секоја втора емисија се зборува за тоа, па дури и во емисијата на тандемот водителки Милица Вуклиш – Јована Андрејиќ на телевизијата Хајп.
Тие го поканија јутјуберот Никола Јовановиќ, попознат како Никс Зузу, да гостува во нивната емисија, па ги допреа и овие теми. Сепак, младиот Јутубер ги остави младите девојки без зборови.
„Нема – не. Треба да знаете дека сте послаб пол. Му испраќате голи слики на еден човек и доаѓате разголени кај него дома навечер и ако му кажете „не“, тоа е многу голем проблем, разбирате? Треба да знаете што правите, кога и кај кого одите, а и треба да знаете дека сте послаб пол“ – одговори Никола на водителката на нејзиниот коментар дека НЕ треба да значи не, и рече дека она што го вели треба да го чува за себе затоа што некој може заради таквото однесување и нејзиното НЕ, да ја фрли низ прозорец.
„Треба да му кажете на човекот: „Да, во право си“ – објасни Никса, по што една од водителките се изнервира и го напушти студиото.
„Ако одите во нечиј стан, знаете што треба да направите“ – додаде тој долевајќи масло на огнот, по што и другата водителка си стана и го напушти студиото и му рече дека може самиот да ја одјави емисијата.
После емисијата водителката Милица Вуклиш на својот Инстаграм објави:
„Како водител и новинар, можеби немате контрола врз тоа што ќе каже соговорникот во емисијата, но и тоа како можете да застанете на патот на одрон на мозокот и недостаток на етика, како и на плотуните на глупост и срам со кои Никс Зизу се претстави во денешната емисија“.
Фото: Јутјуб принтскрин/ Инстаграм принтскрин/hypetv.rs