фото:Michael Kovac/WireImage
Изминатите неколку месеци на големо се пишува и зборува за кралската венчавка во Англија меѓу принцот Хари и актерката Меган Маркл.
Веќе знаете дека ова ќе биде втор брак за невестата која во 2011 година се омажи за американскиот продуцент Tревор Енгелсон.
Првата венчавка на идната принцеза се случи на плажа на Јамајка, а на церемонијата присуствуваа 102 гости и тоа четири дена.
foto:Star Magazine/MEGA
За разлика од тогашната, кралската венчавка ќе биде поглема од сите аспекти, спектакуларна, луксузна и секако по терк на традицијата на кралството.
foto:Star Magazine/MEGA
Кога станува збор за венчаницата, Меган на својата прва венчавка беше сосема обична, во бел едноставен фустан во светкав појас и без многу драматичнот.
foto:Star Magazine/MEGA
Втората мажачка за неа ќе биде далеку поинаква, а како ќе изгледа невестинскиот фустан за кој деталите се чуваат во тајност, останува да видиме на 19-ти мај.