Радио Милева Во чекор со трендот

Цеца, Вељко и Анастасија како Кардашијан – први во Србија направија своја апликација (фото)

Цеца, Вељко и Анастасија како Кардашијан – први во Србија направија своја апликација (фото)

Отсега фановите на Цеца Ражнатовиќ, како и нејзините деца Анастасија и Вељко, ќе можат да ги следат сите најнови вести за нив на нивните официјални апликации.

Една од најголемите музички sвезди реши да ја израдува својата верна публика и на овој начин, а апликацијата е бесплатна и достапна за Андроид и ИОС системите.

фото:ата имиџис/цеца ражнатовиќ/официјална апликација

Цеца моментално е единствената sвезда во Србија која го следеше овој светски тренд, а семејството Ражнатовиќ сега има своја апликација, исто како и светски познатото семејство Кардашијан.

фото:ата имиџис/анастасија ражнатовиќ/официјална апликација

Апликациите штотуку започнаа да работат, а описот ги повикува обожавателите да бидат во чекор со најновите активности и новости на Цеца, односно на Анастасија и Вељко за нивните апликации, како и да освојат вредни награди, од кои едната е средба или разговор преку Интернет со ѕздата.

фото:ата имиџис/вељко ражнатовиќ/официјална апликација

 

 

To top