Радио Милева не откриваат дали се заедно

Северина се огласи по написите дека Игор Којиќ се иселил од нејзиниот стан

Северина се огласи по написите дека Игор Којиќ се иселил од нејзиниот стан

Бракот на Северина и Игор Којиќ во последната година е тема во медиумите. Имено, често се пишува дека наводно парот повеќе не е заедно и дека се пред развод.

Овие шпекулации започнаа претходната година кога Северина демонстративно си замина од домот на Игор во Белград.

фото: инстаграм

Иако пејачката често објавува фотографии од Хрватска, Игор објавува фотографии на кои може да се види како посетува манастири.

Деновиве, медиумите пишуваа дека официјално е крај меѓу познатата двојка и дека Игор се иселил од станот на пејачката во Загреб.

Имено, наводно Којиќ бил виден пред станот на пејачката како влече куфери и ги става во комбе со белградски таблички.

Меѓутоа, сега се огласи и ПР-от на Северина кој тврди дека се иселува внуката на пејачката, Миа Поповиќ.

„Единствено иселување кое беше овој викенд е иселувањето на внуката на Северина која со сопругот се пресели во соседството на Северина, поточно наспроти нејзината зграда“ изјави претсавникот за медиумите на хрватската пејачка.

фото: инстаграм

Ниту Северина, ниту Игор се огласуваат по приказните за нивниот брак, а на социјалните мрежи ги избришаа заедничките фотографии.

To top