Атрактивната водителка Лила Филиповска секогаш е отворена за своите фанови и својата публика.
Освен во квизот „Се или нешто“, Лила е активна на социјалните мрежи каде што редовно ги известува следбениците за нејзините работни ангжмани, рекламира производи или пак го снима својот мачор Рагнер.
Во светот, вчера (1ви април) се славеше „Денот на шегата“. Иако претходните години се славеше на големо, со прослави, забави под маски, разни наградни игри за најдобра маска, оваа година се тоа го немаше поради коронавирусот.
Меѓутоа, Лила пребарувајќи по својот албум од фотографии наиде на фотка на која е маскирана во вештерка и истата ја сподели на „Инстаграм стори“.
Имено, станува збор за фотографија од пред неколку години кога водителката во квизот „Се ли нешто“ се маскираше во вештерка.
„Твоето лице звучи познато“, напиша таа во описот на објавата.
Иако оваа година не се маскираше поради короната, Лила се потсети на некои подобри времиња.