Радио Милева откриена вистината

Надбискупот ја прекина тишината и откри дали Меган Маркл и Хари се венчале три дена пред официјалната свадба

Надбискупот ја прекина тишината и откри дали Меган Маркл и Хари се венчале три дена пред официјалната свадба

Меган Маркл со својата изјава дека се венчала за принцот Хари три дена пред официјалната венчвка во интервјуто кај Опра Винфри го привлече вниманието.

Надбискупот од Кантербери за првпат се огласи  и откри која е вистината.

За италијанскиот весник „Ла Република“Џастин Велби ги негираше нивните изјави, велејќи дека тој го потпишал документот точно на денот кога милиони луѓе ја следеле нивната венчавка.

фото: профимедиа

„Легалната венчавка беше во саботата, на 19 мај 2018 година во капелата Свети Џорџ – изјавил надбискупот.

„Го потпишав венчалниот лист, што е правен документ, и би направил сериозен прекршок кога би потпишал нешто знаејќи дека е лажно. Затоа, кажете што сакате, но легалната венчавка беше во саботата – изјавил надбискупот

Тој открил дека пред самата венчавката со кралската двојка имал многу приватни и пасторални состаноци.

„Сепак, нема да откријам што се случуваше на претходните состаноци“, порачал тој.

Портпаролот на двојката за американскиот „Дејли бист“ изјави дека двојката разменила лични завети неколку дена пред официјалната венчавка на 19 мај.

To top