Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац веќе неколку недели е сместен во болница откако се зарази со коронавирус.
Пејачот вели дека со денови се чувствува лошо бидејќи никој не му доаѓа на посета, а едвај може да стане од кревет.
„По примањето на кинеската вакцина се стабилизирав, но сега психички сум лошо. Не сум добро и верувајте ми едвај издржувам во болница. Никој не може да ми дојде во посета бидејќи ова е Ковид амбуланта, а со мојата Мима се слушаме преку телефон. Не знам како тоа поднесува што сме разделни, но се труди да не ме загрижува“, вели Тозовац.
„Ужасно е чувството кога секој ден ги слушам апаратите за кислород. Тоа ни младите луѓе нема да поднесат, негативно влијае на психата. По цел ден лежам и молчам, но за тоа никој не ме прашува. Размислував да ги прашам докторите да ме пуштат дома да починам, но тоа е невозможно. Не можам да излезам, ниту може некој да ме посети“, вели пејачот, а потоа ги пофали медицинските лица кои се грижат за него.
Тој апелира до луѓето да ја примат вакцината бидејќи на него му помогнала да се избори со коронавирусот.
„Ги примив двете вакцини и не каам. Мислам дека благодарение на нив се изборив со короната и немав потешка клиничка слика. Дојдов во болница со воспаление на белите дробови, а којзнае што ќе се случеше ако одбиев да се вакцинирам. Не ми е јасно зошто луѓето имаат толку предрасуди. Не верувам дека некој нешто ќе пушти во проджаба доколку е штетно за луѓето“, вели Тозовац.
Предраг вели дека никој од колегите не му се јавил да го праша како е.
„Слабо се слушам со колегите. Короната е виновна. Откако сум во болница со никој не се слушам. Сигурно луѓето мислат дека нема пристап на телефон и дека не можам да зборувам. Ќе има време за дружење кога сите ќе бидеме безбедни и кога ќе може да се собираме“, вели Тозовац.