Македонија е на насловниците на сите светски медиуми. Победата на македонските фудбалери е ударна вест во насловите, извештаите, коментарите, анализите… Целата светска спортска јавност пишува и говори за шокот кој момчињата на селекторот Игор Ангеловски и го приредија на моќната Германија победувајќи ја на нејзин терен со 2:1 во квалификациите за СП во Катар.
А во Македонија делириум… И во домовите и во душите и срцата на секој вистински Македонец, кој си ја сака својата единствена татковина, ова мало, но толку големо и свето парче земја, наречено Македонија. Радост, еуфорија, верба, надеж, изливи на патриотизам… А како и не би, кога ова не се случува секому и секој ден. Покрај „сите обични луѓе“ се радуваа и познатите личности. Или барем повеќето од нив, оние кои во себе имаат национална свест и патриотско чувство. Политичари, музичари, естрадни уметници, новинари, ТВ водители, шоумени, спортисти… буквално сите! Секој на свој начин, со свој израз на емоции, но сите со една мисла: Македонија – силна, моќна, сплотена, една, вечна…!
Меѓу првите победата на македонските фудбалски воини им ја честиташе лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски кој на својорт Фејсбук напиша:
„Вечерва македонските срца чукаа со нашите фудбалски херои. Оваа грутка земја раѓала и ќе раѓа херои за победи. Покажавте што е пркос и се изборивте за нашата гордост. Црвено жолтата татни. Македонија се сака со дела, со борба, со пркос и верба. За кого, ако не за нашето сѐ, Македонија!!! Поклон до земја шампиони“.
Потпретседателот на најголемата опозициона партија во Македонија пак, Александар Николовски во својата честитка за победата на фудбалерите, кратко и јасно напиша на Фејсбук:
„Секоја чест момци! Македонијае горда!“
Македонскиот ДЈ и ар ен би артист, познатиот Панчо- ДНК, вака ја прослави победата, барајќи ордени за македонските фудбалери и доживотен договор за нашиот селектор Игор „Мрме“ Ангеловски:
„Овој тим, оваа генерација, оваа фамилија треба да добијат посебен вид на орден за придонес во Македонскиот спорт, а Мрме треба да добие ДОЖИВОТЕН договор!! Браво дечки, капа доле. Македонија!“
Уште еден познат музичар и актер, а последниве години и спортист – маратонец, лидерот на култната македонска рок група „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа потенцираше дека заради овие момчиња повторно се чувствува горд и одважен:
„Секогаш кога има фер-плеј МАКЕДОНИЈА победува. Првин Бугарите до 21 година 5:1 и како круна на се’, Германија-Македонија 1:2. Без разлика на она што се случува околу нас и со нас, токму заради вас момци, се чувствувам повторно горд и одважен. Ви благодарам за тоа до небото и капа долу. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА ДА Е, СЕКОЈ ДА ЈА ЗНАЕ“ – напиша популарниот Камиказа.
Македонскиот актер и ТВ водител Тони „Шанац“ Михајловски во навивачки тон: Ма- Ке – До – Ни – Ја… сподели наслов: „Сензација, лудница, Македонија ја урна Германија“.
Еден од наследниците на делото на големата Есма Реџепова, и еден од нејзините синови, познатиот музичар Симеон Атанасов вака и исе израдува на победат на македонските фудбалери над Германија, додавајќи свој коментар: „Ова ‘Северна’ над резултатите ми боде очи, мислам вака со срце многу повеќе личи. Македонија – вечна“ – напишал музичарот покривајќи ја географската одредница во името на Македонија со срце!
Кога сме веќе кај коментарите на познатите Македонци по големата победа над (не)моќната Германија, некои беа и сликовити, а некои дури и шеговити.
Фотографии со мотиви од воените победи со вметнати ликови од нашите фудбалски херои и нашето старо знаме сподели познатиот македонски фолк уметник и музичар, мултиинструменталистот Стефче Стојковски.
Коментарот на познатиот македонски ТВ и радиоводител и урбана скопска легенда, Реџо Балиќ пак, беше шеговит, во стилот на изјавата на екс – реизот за короната:
Можеби највпечатлив, најсликовит и најтетрален во своето споделување на радоста со јавноста беше македонскиот актер, музичар и шоумен, Игор Џамбазов кој искрено ги искажа своите моменти на среќа и возбуда за најголемата победа на нашата фудбалска репрезентација.
View this post on Instagram
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и новинар, Наум Стоилковски во својата радост и честитки за победата, ги потенцираше заслугите на селекторот Игор Ангеловски – „Мрме“:
А, селекторот Игор Ангеловски – Мрме ја имаше можеби навидум најубавата вечер, но длабоко во себе најтешката ноќ. За среќа, обете се завршија добро за нас, за него, но и за неговото семејство.
Имено, предводникот на македонската фудбалска репрезентациј, кој секако е еден од најзаслужните за блескавите игри на нашите фудбалери, по мечот со Германија откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот.
Сепак, Ангеловски и покрај се’, допатува во Германија затоа што и момчињата му ветиле дека ќе направат се’ за да победат и за неа…
„Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат“ – рече по натпреварот популарниот Мрме и додаде дека сите сите мисли му се во Македонија.
„Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“ – истакна нашиот селектор.
Победата на фудбалерите над Германија се надоврзува на триумфот на ракометарите против Данска пред неполн месец. Селекторот-играч на нашата ракометна репрезентација и наша голема спортска легенда, Кире Лазаров не ги заборави фудбалерите и искрено им честита.
„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај…
Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажете дека имате ментална сила, карактер, македонски стил, интелигенција …
Ви посакувам многу среќа на Европскиот шампионат. Ајде да одиме заедно за нови победи на Македонија“, напиша на социјалните мрежи Лазаров.
Некогашниот спортски ТВ водител и новинар Игор Филевски – Филе, кој сега живее на Малта, познат и како страсен навивач на „Барселона“, како да беше пророк, па посака нашиот Горан пандев да му даде еден, а можеби и два гола во мрежата на германскиот голман Тер Штеген, кој инаку брани токму за „Барса“. Она што Филе го посака пред натпреварот – тоа и му се оствари: Ајн – цвај… за Македонија, секако!
По победата Филе уште и се пошегува повикувајќи се претходно дадените „смешни“ изјави на некои политичар(к)и од власта:
А тие пак како да го „слушнаа“, па политичарите од власта го послушаа и ја репризираа приказната, ниту еднаш не споменувајќи го името на Македонија во своите скромни обраќања:
„Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски! Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом“ – напиша Зоран Заев на социјалните мрежи.
Еднаш спомната Европа, еднаш спомната Германија, ниту еднаш спомната МАКЕДОНИЈА. Победникот! Чудото за кое пишува цел свет во моментов!
Бедно.
Вака Богдан Илиевски – Бетмен ја коментира честитката на премиерот Зоран Заев во која ниту еднаш не спомнува Македонија!
Не е Зоран Заев единствениот претставник на државниот врв кој не го спомена името на нашата земја. Македонија ја нема ниту во честитката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Има само едвај, едно протокаларно „Браво“!
Ниту пак во честитката на Никола Димитров.
Македонија за жал дури и ја нема ниту во честитката на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Но затоа Македонија ја има во срцата и душите, во мислите и надежите, во вербата и желбите, патриотизмот и чувствата на сите останати вистински Македонци… Овде, во Македонија и надвор од неа, во дијаспората, низ целиот свет!
Фото и видео: Социјални мрежи