Радио Милева прекрасен човек

Милена Aнтовска се потсети на Драган Вучиќ: „Се’ уште не сакам да поверувам дека веќе не е меѓу нас

Милена Aнтовска се потсети на Драган Вучиќ: „Се’ уште не сакам да поверувам дека веќе не е меѓу нас

Водителката Милена Антовска пред некој ден нна социјалните мрежи откри дека е 8ми ден во изолација.

Меѓутоа, таа не откри дали е заразена со коронавирусот или пак била во контакт со некој кој има ковид 19.

Вирусот ја оддели од најблиските: Милена Антовска во изолација (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Mилена е активна на социјалните мрежи на кои редовно објавува фотографии од студио, како го поминува времето, од нејзината ќерка Лана – Марија….

Овој пат, Антовска се потсети на својот колега и пријател Драган Вучиќ кој почина како последици од коронавирус.

Имено, на својот Фејсбук, водителката ја сподели познатата емисија на Драган – „Возење со Вучиќ“ во кој гост беше токму таа.

 

фото: фејсбук/милена антовска/

 

 

„ Ова е една од емисиите каде што сум гостувала и најмногу сум се смеела… Се’ уште не сакам да поверувам дека Драган веќе не е меѓу нас. Секогаш ќе се сеќавам на нашето пријателство, прекрасен човек…“, напиша Милена покрај објавата.

фото: принтскрин/јутуб/возење со вучиќ

Потсетуваме, Драган Вучиќ почина во мај претходната година како последици од коронавирусот. Вучиќ на јавноста и беше познат по бројни квизови и емисии меѓу кои се: „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.

To top