Пејачката Бијонсе овој месец беше ограбена дури двпати, а украдени и се предмети во вредност од милион долари.
Имено, разбојници двапати упаднале во нејзините магацини во Лос Анџелес каде што ги чува своите вредни работи, пишува „ТМЗ“.
Полициската служба изјавила дека крадците побегнале со скапи работи кои и припаѓаат на Бијонсе, а меѓу кои се ташни, обувки и фустани.
Разбојниците украле дури и детски играчки и лични фотографии на еден од нејзините стилисти. Меѓу украдените предмети е славниот фустан со дијаманти, кој Бијонсе го носеше на овогодинешните Греми награди.
Досега нема апсење, а полицијата истражува кој бил вмешан во случајот,