Радио Милева „Тие сега имаат богата кариера“

Српската новинарка тврди: „Познавам три пејачки кои се силувани од страна на моќни луѓе во музичката индустрија“

Српската новинарка тврди: „Познавам три пејачки кои се силувани од страна на моќни луѓе во музичката индустрија“

Новинарката Симонида Милојковиќ откри дека познава три познати пејачки кои и признале дека биле силувани.

Таа не сакала да го открие идентитетот на пејачките, ниту пак да откри нешто повеќе.

„Знам многу жени кои се силувани, приватно ми кажаа, станува збор за три популарни пејачки кои ми кажаа дека ги силувале некои моќни луѓе од музичката индустрија“, започна Симонида.

„Тие жени молчат за тоа. Тие сега имаат богата кариера. Беа на почетокот од кариерата, беа млади и беа силувани од….сега не можам ни да ја кажам професијата на тие мажи, за да некој не поврзе нешто. Но, да кажеме некој композитор, музички уредник, хармоникаш…“вели Симонида во „Премиера викенд специјал“.

„Знаеш зошто молчат? Затоа што не веднаш не пријавиле. Второ, многу не пријавуваат затоа што судската постапка е непријатна за жртвите. Тие се изложени на страшна туртура на судот“, додава новинарката

To top