Раперот Стефан Ѓуришиќ Раста проговори по четири месеци поминати во притвор и признавањето за нелегално чување на наркотици за лична употреба.
Овие денови тој даде ексклузивно интервју за српските медиуми, проговори за работата, за Ана Николиќ, за нивниот однос, за ќерката Тара.
„Можам да кажм дека сум добро, како да бев на некој ментален одмор од сè. Јас долго време работам со полно темпо и ми се случија многу работи, можеби тоа беше еден период кога сам со себе можев да размислам за животот и можам да ти кажам дека ми годеше“, вели Раста.
Раперот откри и колку го променила ќерката Тара.
„Ме промени и навистина Тара ја добив од љубов. Не планирав, едноставно се случи и сите ме велеа дека тоа менува, мене не ми беше јасно, мислев дека зборуваат глупости. Додека не се соочиш со тоа и сфатиш дека не си важен на самиот себе, не си преоритет, но и дека не си изгубил ништо туку добиваш некоја мотивација во животот да правиш како што треба и правиш правилно“, вели раперот за „Телеграф“ и открива како изгледала нивната средба откако излегол од затвор.
„Многу емотивно. Таа добро се држеше до последниот месец кога почнала секое утро да прашува: „Каде е тато?“. Ние сме некако посебно поврзани, јас сум и пријател и таа така ме гледа. Можам да кажам дека неколку дена откако излегов отидов до студио да работам нешто, таа беше дома со баба и прашувала – „Кога ќе дојде тато?“. Таа моментално има страв, а сега сум тука се да и надоместам.
Раста проговори и за односот со Ана Николиќ.
„Во супер сме односи, ние сега имаме обврска, не сме во врска. Не сме тука да ги расипуваме емоциите и тие да бидат во прв план, ние имаме обврска, а тоа е воспитување на детето.
Раста раскажа и за посетата на Ана Николиќ додека беше во затвор.
„ Да имав посета еден месец пред да излезам од затворот. Во посета ми дојде Ана за да слушне од прва рака што се случува во врска со мене и целата настаната ситуација. Најмногу имав посета од својата мајка, бидејќи таа е личност која верува и има доверба во мене и ги знае сите ситници за мене. Ана се појави целата во црно како да оди на погреб, раскажува Раста.