Пејачот Милан Станковиќ со својата изјава на Твитер за вакцинираните од коронавирус и оние кои тврдат дека се силувани ја изненади јавноста.
Поради својот твит тој наиде на осуда од јавноста.
„Власта Велисављевиќ вакциниран, а почина од корона. Случајот е затворен. Само ние убаво да ги броиме “силуваните“ поради слава и промоција на своите филмови, серии. Од тоа ни зависи животот, зарем не? Пу, лицемерни едни“; напиша Станковиќ.
Бидејќи поради ова изјава тој наиде на негативни критики, се обрати и во следниот твит.
„Ботовите мислат дека со дека со оспорување, банализирање и демонизирање кон мене, тие можат да ги оспорат фактите! Не вреди.Тие остануваат и без мене“, напиша Станковиќ.