На 21-ви април српската пејачка Дара Бубамара ќе одржи голем солистички концерт во Белград, а српските медиуми речиси на секоја од нејзините колешки им го поставија прашањето дали би отишле на концерт кај Дара и што мислат за неа.
Па така, на еден настан каде се појави српската снаа Северина Којиќ, новинарот не заобиколи да и го постави тоа прашање.
-Да би отишла, таа е многу слатка, изјави Севе, а пак Дара горделиво го истакна видеото на својот Инстаграм профил.