На денешен ден 1999 година започна бомбардирањето на Србија. Многумина денес со голема тага се сеќаваат на тој момент и на следните 78 дена, колку што траеше бомбардирањето. Меѓу нив е и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која живее и работи со години во Белград, која се огласи на својот Инстаграм профил.
Имено, Тијана на споменатата социјална мрежа објави фотографија на која е фотографирана ќелава, а потоа на сите им објасни за што станува збор, зашто некои помислија дека се работи за фотошоп или некоја друга компјутерска фото апликација или ефект.
„На денешен ден, во 1999 година, започна бомбардирањето, и од револт, од тага и немоќ да му помогнам на моето семејство во Србија, ја истрижав косата нан нула и ја избричив главата… Само гледаш на ТВ како некој фрла бомби на сите ваши… И немоќни сте ништо да направите. Никогаш повеќе да не се повтори“ – напиша Тијана во описот на фотографијата на споменатата социјална мрежа со која шокираше многумина.
Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic