Тенисерот Новак Ѓоковиќ се најде среде скандал кога манекенката од Ниш, Наталија Шчекиќ откри дека и било понудено огромна сума на пари за да го заведе Новак Ѓоковиќ, пишува курир.
Згодната русокоса тврди дека на состанок во Лондон добила неморална понуда од менаџер која морала да ја одбие.
„Ми се јави еден човек, тој е од Белград и го познавам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога закажа состнаок помислив дека ме бара за сериозна работа, за презамање на огласи или за фотографирање. Кога започна разговорот и ми го кажа планот, мислев дека е некоја скриена камера, почнав да се смеам. Ми изгледаше како шега, но не беше. Ми кажаа да го однесам Новак на некои интимни места и да го снимам“, вели манекенката во интервју за „Свет“ и додава дека и било понудено огромно богатство ако успее да го одведе Новак во кревет и му го растури бракот со Јелена.
View this post on Instagram
„Понудата беше од 50 до 60 илјади евра и патувања по мој избор. Тоа ми беше многу навредливо. Не сум таква девојка, не сум спонзоруша. Ми идеше да го полијам со ладна вода, но си ги собрав работите и си заминав. Ѓоковиќ не заслужува такви работи и тоа не е фер“, вели Наталија.
View this post on Instagram
По исповедта на Наталија, нејзиниот „Инстаграм“ профил доби 19 000 следбеници. Многумина сметаат дека ова е измислена приказна на Наталија и нејзината мајка со цел да го нарушат изгледот на Новак.