Бојана Родиќ и Мирко Шијан на лето ќе станат родители. Кога ќе пристигне приновата тие ќе започнат заеднички живот во домот на пејачката Гоца Божиновска, мајката на Мирко.
Бојана од Тител се пресели во големата куќа во Сурчин која многумина ја сметаат за една од најлуксузните населби.
Имотот на Божиновска е заграден со големи ѕидови, има безбедносни камери кои снимаат што се случува на имотот, а внатре во куќата има и базен.
Гоца во оваа вила се всели кога се омажи за Зоран Шијан кој беше убиен во центарот на Белград пред 22 години.
Во домот преовладува детали во златни бои, а мебелот е во барок стил и донесен од Америка. Имотот поседува и кошаркарски терен, но и возен парк.
Инаку, Мирко и Бојана очекуваат синче.