Мегафон

ДНК за Велигден – работно, а по празникот со нов спот и “The best of DNK” албум

ДНК за Велигден – работно, а по празникот со нов спот и “The best of DNK” албум

Панчо и Андреј велигденските празници ќе ги поминат работно.

Двоецот ќе биде задолжен за една малку поинаква велигденска забава, односно во недела на 8 април ќе гостува во ноќниот клуб Heaven во Велес.

„За загревање, слушнете како звучи „Полна месечина” во death metal варијанта.

Добро звучи или!? Пишете ни коментар! Како и да е, во недела не ризикуваме, денсаме на рнб ритам! Се гледаме на одлична журка и многу шизење!“ стои во пораката на Панчо и Андреј на нивната фејсбук-страница.

И тоа не е се! ДНК се подготвуваат за снимање на новото видео за темата „Дијамант“, која треба да се најде како бонус трака на албумот “The best of DNK”, што е планирано да биде промовиран кон средината на следниот месец, заедно со ДВД од концертот кој минатата година се одржа пред преполната Метрополис арена, а по повод 15. роденден на ДНК.

To top