На социјалните мрежи беше објавен дел од албумот за следното Европско првенство ЕУРО 2021, а таму за првпат се наоѓа и македонската фудбалска репрезентација.
Вообичаено албумите на „Панини“ за европските и светски шампионати излегуваат овој месец, но сега поради пандемијата на коронавирусот излегувањето на албумот е пролонгирано.
Во делот каде што е македонската фудбалска репрезентација, се наоѓаат играчите:
Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.
Во исто време на Фејсбук страницата на дигиталниот магазин за макадонски фудбал насловен „Прва лига“, се појави скица од новиот дизајн на дресовите на македонската фудбалска репрезентацијата.
Нив македонските репрезентативци би требале да ги носат на претстојното ЕУРО 2021.