Сигурно се сеќавате на популарната серија „Недај се Нина“ која пред неколку години го освои регионот.
Главната улога ја играше Нина која многумина ја нарекуваа грда затоа што носеше апаратче за заби, бабски очила, имаше некој килограм плус, а имаше многу чуден стил на облекување.
Во улогата на Нина се најде популарната хрватска актерка Лана Гојак.
Лана Гојак Бајат и нејзиниот сопруг Синиша Бајат очекуваат принова. Како што пишува стори.хр, Лана е во четвртиот месец од бременоста.
Лана е позната и по љубовта кон вежабањето, а најмногу утринското трчање.
„Барајќи некоја фотографија наидов на оваа. Се фотографирав претходното лето, ова вака нема да изгледа ова лето, а сигурно нема ни следното. Да бидам искрена, се плашам дека повеќе нема да сум иста. Мајки, има ли надеж? “, напиша Лана.
Инаку, Лана и сопругот се две години во брак, а 11 години како се запознале. Ова ќе биде нивно прво дете.