Актерката Шерон Стоун ја прими првата доза на вакцина против коронавирус.
„Ја добив првата доза. Не беше тешко да се дојде во ред“ – напишала покрај фотографијата каде актерката е сликана како ја прима вакцината. Шерон минатата година ги изгуби својата баба и кума од Ковид 19, а нејзината сестра и нејзиниот сопруг беа во сериозна состојба и се бореа за живот по заразата со коронавирусот.
Фото: инстаграм принтскрин/sharonstone