Радио Милева по утрото денот се познава...

Разголена, Теодора Џехверовиќ покажа дека неделното расположение и поминало во лежечко положение (ФОТО)

Разголена, Теодора Џехверовиќ покажа дека неделното расположение и поминало во лежечко положение (ФОТО)

Пејачката Теодора Џехверовиќ (24) на социјалните мрежи сподели нови фотографии, кои наидоа на голем број коментари, зашто на нив расната убавица не само што се појави разголена, туку на еден начин и ја соопшти причината зошто во недела науторо по дома остана само по гаќички. 

Поранешната учесничка на „Задруга“ се покажа во многу провокативно издание, односно Теодора позираше само во долна облека, додека лежи на подот, потпрена на двоседот зад неа. Во преден план се нејзините бујни облини, додека со раката ја поткренала маицата, а пораките под нејзиниот пост, провокативни колку и самата разголена пејачка:

„Кажи ми ги твоите тајни …“ – напишала таа на англиски јазик во описот на фотографиите.

Теодора веќе осум месеци ужива во врска со кошаркарката Нино Челебиќ. Младата пејачка често ги споделува убавите моменти со своите следбеници на Инстаграм, за да можат да видат колку таа и момчето се сакаат.

Покрај секси фотографиите од себе си, Теодора овој пат објави и кратка приказна, во која се гледа како младиот пар ужива во неделното утро. Имено, на видеото се гледа како тие двајца си ги допираат стапалата додека гледаат телевизија, а Теодора сето тоа го снима со својот мобилен.

Како „појаснување“ на ситуацијата, пејачката  додаде уште една фотографија на нејзините Инстаграм приказни, под која на англиски пишува: „Неделно расположение“…

Ако по утрото денот се познава, според она што на фотографијата се распознава, веднаш се дознава дека неделниот ден на Теодора и бил   полн со задоволство уште од рано наутро… Или што би рекле на англиски, како што таа преферира да се изразува: „Fu*king good, sunday mood“!

To top